• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Утре најава за нов повик од ИПАРД 2

Утре најава за нов повик од ИПАРД 2

Штип, 26 септември 2018 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска од Пробиштип соопшти дека утре Платежната агенција ќе го најави вториот повик од ИПАРД 2 Програмата за двете мерки: Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства и Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и маркетинг.

- Во утрешните весници ќе биде објавена најавата за двете мерки: за модернизација на земјоделските стопанства и модернизација на преработувачките капацитети и капацитетите повразани со рибарството, односно мерките за кои постои најголем интерес, рече Николовски.

На првиот повик од ИПАРД 2 до денеска се склучени 919 договори со земјоделците и фирмите.

- Тоа е приближно ист број договори склучени вкупно во претходните девет години за ИПАРД 1 на 15 огласи. Овојпат на само еден повик се склучени 919 договори што тежат 15,8 милиони евра од кои 12 милиони се европски пари за механизација, опрема и нови преработувачки капацитети. Тоа говори за капацитетот на Платежната агенција постигнат годинава, како и за квалитетот на апликациите, истакна Николовски.

Министерот информира и дека Македонија има на располагање околу 60 милиони евра од ИПАРД 2, а со почетокот на преговорите за членство во ЕУ се очекува овие средства да се зголемат и за десет пати.

- ЕУ ги отвора фондовите и за социјалата, инфаструктурата и за изградба на патишта, детски градинки, училишта, болници, односно за поддршка на вкупната економија во државата. Ние сме генерација што се грижи за идните генерации, рече Николовски.

Министерот и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски се сретнаа со градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов, како и со раководството на ХС „Злетовица“. вдј/мч/16:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ