• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Спасовски: Во МВР 40 лица работеле со фалсификувани дипломи (видео)

Спасовски: Во МВР 40 лица работеле со фалсификувани дипломи (видео)

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи, изјави министерот Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ 21.

Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави.

Кривични пријави, како што рече министерот за внатрешни работи, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Во котекст актуелната дебата за уставните измени во Собранието и тврдењата за закани кон пратеници, министерот Спасовски рече дека досега ниеден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот. Но, вели дека има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија.

Во гостувањето на ТВ 21 Спасовски рече и дека се бара амнестија за бившото раководство на опозицијата и како што вели за други луѓе кои им се од интерес.

сст/са/10:22

###

 

 

 

 

 

сст/

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...