• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Македонската научничка Тања Петрушевска, дел од ново астрономско откритие

Македонската научничка Тања Петрушевска, дел од ново астрономско откритие

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - Астрофизичарите првпат најдоа доказ за експлозија на супернова што формирала неутронска ѕвезда што многу блиску орбитира до друга неутронска ѕвезда. Студијата била предводена од тим од Калифорнискиот институт за технологија, а вклучи и истражувач од Универзитетот во Нова Горица, каде што во моментов работи Македонката д-р Тања Петрушевска, информира Скопското астрономско друштво.

Системот на блиски неутронски ѕвезди е важен за астрофизиката бидејќи спојувањето на две неутронски ѕвезди создава гравитациски бранови. Нивното истражување е објавено денеска во престижното списание „Саенс“.

ЅвездиПостои една класа на експлозии на супернови што е резултат на колабирање на масивни ѕвезди што изгубиле дел или целата надворешена обвивка на водород и хелиум. Поради тоа тие се наречени ултралишени супернови. Губењето на надворешната обвивка на овие ѕвезди може да биде предизвикано од силен ѕвезден ветер или од друга ѕвезда во непосредна близина. Се смета дека повеќето масивни ѕвезди се родени во бинарни системи.

Кога две ѕвезди се наоѓаат многу блиску, материјалот од едната може да прејде кон другата ѕвезда. Кога масивна ѕвезда има компактен објект за придружник, таа може да изгуби толку многу материја што комплетно ќе ги тргне нејзините надворешни слоеви, оставајќи ја со голо метално јадро. Ако ова јадро е доволно масивно, ќе колабира во слаба експлозија на супернова и притоа ќе исфрли малку материја. По оваа експлозија остануваат две неутронски ѕвезди што орбитираат блиску една до друга.

- Нашата група на Универзитетот во Нова Горица се спрема за големиот синоптички телескоп, кој треба да почне со работа во 2021 година со траење од десет години. Тоа ќе биде 8,4-метарски телескоп во Чиле и ќе ја има најголемата дигитална камера што некогаш била направена. Значи, ќе откриваме и ќе следиме експлозии на небото како никогаш порано, истакна Петрушевска. рп/сд/10:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...