• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

В понеделник почнува воената вежба „Македонски блесок 14“

В понеделник почнува воената вежба „Македонски блесок 14“

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - Воената вежба „Македонски блесок 14“ ќе се одржи од 15 до 20 октомври на армискиот полигон Криволак.

Целта на вежбата е преку самооценување, согласно НАТО оперативните способности, да се демонстрира нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ - декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО.

Во рамки на „Македонски блесок 14“ ќе се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена Маневарска Болница (КМБ), да одговори на побарувањата за претстојното НАТО медицинско оценување.

На вежбата „Македонски блесок 14“ треба да се изврши НАТО преоценување на „ниво 2“ на декларираната чета на Воената полиција, како и за првпат внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.

Декларираната чета на воената полиција е дел од силите на Концептот на оперативна способност на НАТО, и како негов составен дел подлежи на валоризација на своите персонални и материјални капацитети согласно НАТО стандардите.

Во 2015 година, единицата ја потврди оспособеноста за рамноправно учество во операции за поддршка на мирот, а на оваа вежба ќе се стреми да ја потврди  борбената готовност и со тоа по вторпат да го покаже професионализмот, што е неодвоив дел од функционирањето на единицата, појаснуваат армиски претставници.   

Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок 14“ на Криволак на 18 октомври ќе се реализира Отворен ден, додека на 19-ти ќе има Ден за високи гости, на кој ќе бидат присутни високи национални воено-политички претставници. нд/сд/12:54

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...