• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Папата ја прифати оставката на надбискупот на Вашингтон, Доналд Верл

Папата ја прифати оставката на надбискупот на Вашингтон, Доналд Верл

Ватикан, 12 октомври 2018 (МИА) - Папата Франциско ја прифати оставката од кардиналот Доналд Верл од местото надбискуп на Вашингтон, откако тој ја изгуби поддршката од голем број луѓе во својата заедница поради вмешаност во два големи скандала со сексуално злоставување и забошотување на злосторството.

Во соопштението од Ватикан се наведува дека папата Франциско ја прифати оставката на Верл, но не наведе кој ќе го замени.

Верл (77), кој беше надбискуп на Питсбург од 1988 до 2006 година критикуван е поради начинот на кој постапуваше во случаите на сексуално злоставување.

Тој ќе ја задржи титулата кардинал. ми/12:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...