• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Урната ултрадесничарската интернет страница за поткажување наставници

Урната ултрадесничарската интернет страница за поткажување наставници

Берлин, 12 октомври 2018 (МИА) - Интернет страницата на ултра десничарскиот политичар Штефан Репле од Алтернатива за Германија (АфД), преку која учениците ги поткажуваа наставниците за кои ќе проценат дека претерано изразуваат левичарски политички ставови, денеска по покренувањето беше цел на хакерски напад. 

На интернет страницата на овој претставник на АфД во регионалниот Парламент на германската покраина Баден-Виртемберг стои порака дека наскоро ќе проработи повторно.

- Нашата интернет-страница беше мета на хакерски напад, се наведува на таа порака.

Германската министерка за правда Катарина Барли тактиката на поткажување ја оцени како „оружје на диктатор“, виден своевремено во Источна Германија и во текот на нацистичката ера.      

Заменик-лидерот на АфД Георг Паздерски изнесе тврдење дека таква веб страница е неопходна, бидејќи учениците во многу училишта биле изложено на „еднострано левичарско-зелено гледање на светот“.

Оваа тактика со интернет-страници ја користат и други ултрадесничарски политичари, па така холандскиот политичар Херт Вилдерс, ориентиран антимиграциски, предизвикал гнев во јавноста повикувајќи ги своите сонародници да ги поткажуваат „непријатните" имигранти, на  кои ќе наидат во своите квартови. ир/ми/16:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...