• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Уганда: Во лизгање на земјиштето загинаа најмалку 30 лица

Уганда: Во лизгање на земјиштето загинаа најмалку 30 лица

Кампала, 12 октомври 2018 (МИА) - Во лизгањето на земјиштето во Уганда, предизвикано од поројните дождови загинаа повеќе од 30 лица, јави Би-Би-Си.

Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми додека владиниот спасувачки тим ќе стигне до областа кај планината Елгон, каде се случи лизгањето на земјиштето.

Надојдената река се излеза од коритото и потоци кал и вода ги поплавија селата во таа област.

Во лизгање на земјиштето во истиот регион, Будуда, во 2010 година загинаа повеќе од 300 лица.

Црвениот крст на Уганда наведе дека се пронајдени 36 тела, но еден локален претставник цитиран од весникот „Дејли Монитор“ соопшти дека досега се пронајдени 40 тела.

- Кога водата надоаѓаше, таа донесе голем број големи камења, кои ги уништија куќите на луѓето, изјави портпаролката на Црвениот крст, Ирина Накасита. ссм/15:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...