• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Јункер: За Орбан нема повеќе место во ЕПП

Јункер: За Орбан нема повеќе место во ЕПП

Брисел, 12 октомври 2018 (МИА) - Во интервју за францускиот весник „Ле Монд“, претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, кој доаѓа од редовите на Европската Народна Партија (ЕПП), смета дека на унгарскиот премиер, Виктор Орбан и неговата партија не им е повеќе местото во оваа политичка група.

- На господинот Орбан не му е повеќе местото во ЕПП. Тоа го кажав на самитот на нашето политичко семејство во Салзбург (на 20 септември, нз). И, иако го почитувам човекот, гледам многу некомпатибилности помеѓу неговите зборови и демохристијанските вредности врз кои е основано семејството ЕПП. Освен ако ни гарантира дека ги почитува темелните вредности и изборната програма на ЕПП, изјави Јункер за „Ле Монд“.

Јункер беше кандидатот на ЕПП на последните европски избори во 2014 година. Ова е неговиот последен мандат, тој најави дека нема намера повторно да се кандидира за истото место.

Во интервјуто со „Ле Монд“, тој потсетува дека е во европската политика од 1982 година и дека не е првпат да се предвидуваат црни сценарија за иднината на ЕУ, иако не ги игнорира проблемите со кои се соочува Унијата.

- Се согласувам дека треба борба против акутните популизми и непромислените национализми. Сепак, да се сведува влогот на европските избори само на овој проблем, иако е огромен, не ги рефлектира целосно предизвиците, изјави Јункер.

Тој ја осуди реториката на земјите од Вишеградската група за мигрантите и отсуството на солидарност од нивна страна во однос на квотите.

- Интегралното одбивање бегалци од страна на некои земји и опасните реторики дека Европа се соочува со исламска инвазија се неприфатливи, истакна претседателот. тм/ми/15:12

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...