• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Пахор: Западен Балкан мора да биде поатрактивен за ЕУ

Пахор: Западен Балкан мора да биде поатрактивен за ЕУ

Љубљана, 12 октомври 2018 (МИА) - Претседателот на Словенија, Борут Пахор на Конференција на Јадранскиот парламент изјави дека земјите од Западен Балкан треба да работат на тоа да станат поатрактивни за Европска унија.

- Аргументот дека ЕУ мора да се прошири на Западен Балкан бидејќи регионот во спротивно ќе стане закана за ЕУ не е добар. Спротивно. Ако заедно обезбедиме тие земји да станат поатрактивни за ЕУ, тоа ќе ги подобри шансите ЕУ искрено да сака да се прошири на овој дел од Европа, посочи Пахор.

Тој додаде дека земјите-членки на ЕУ се резервирани за проширувањето бидејќи европскиот блок прво мора да ги реши некои свои внатрешни проблеми.

- Иако се чини дека Брисел е повеќе заинтересиран за проширувањето отколку претходно, преземени се само технократски чекори во тој правец, истакна Пахор.

Тој додаде оти може тоа да го разбере бидејќи Европска Комисија се занимаваше со многу други прашања.

- Поради тоа мирот, безбедноста, помирувањето и просперитетот на регионот ќе зависат од мудроста на лидерите на земјите од регионот, истакна Пахор. ми/16:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...