• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Каменос: Во САД доставив предлог како коалициски партнер и тој ме обврзува само мене

Каменос: Во САД доставив предлог како коалициски партнер и тој ме обврзува само мене

Атина, 12 октомври 2018 (МИА) - Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, преку неговиот официјален Твитер профил ги демантира објавените информации во весникот “Ефимерида тон синдактон”, дека телефонски разговарал со премиерот и објаснува дека предлогот пред претставниците на американската администрација бил даден од него како коалициски партнер, и го обврзува само него, јави дописничката на МИА од Атина.

Каменос твит

- Изјавувам: Не сум разговарал со премиерот, затоа што не е сменето ништо од договореното. Второт, како коалициски партнер во владата доставив предлог што ме обврзува само мене и трето, споменатите бази веќе фунционираат, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил, упатувајќи остри обвинувања до весникот дека “продолжуваат целосно лажните натписи од познати центри преку „Ефимерида тон синдактон”.

Од весникот возвратија на одговорот на Каменос и велат дека за телефонскиот разговор нивните информации се проверени, дека во САД тој беше како министер за одбрана, “лични мислења може да има колку сака, но да ги доставува на приватни средби, а не за време на официјални контакти како министер и претставник на земјата”.

Како што утрово објави МИА, предлозите со „планот Б“ на министерот за одбрана на Грција,  за Договорот од Преспа со потпишување меѓудржавни договори со земјите од регионот и отворање на нови американски воени бази во Грција, предизивикаа реакции како од грчките партии, така и во грчките медиуми. А според весникот “Ефимерида тон синдактон” имало телефонски разговор меѓу Ципрас и Каменос, по иницијатива на грчкиот премиер кој побарал објаснување од неговиот коалициски партнер,  Каменос рекол дека немал намера да создаде проблеми, а изјавите биле во рамки на разговорите и ништо не било официјално презентирано. ср/сд/15:53

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...