• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Момче и девојка следени од три лица со возило „Киа“ во Аеродром

Момче и девојка следени од три лица со возило „Киа“ во Аеродром

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - По булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во населба Аеродром, синоќа лицето Д.П. (23) било следено и физички нападнато.

Имено, момчето Д.П (23) заедно со неговата другарка се движело по булеварот со неговото возило „Фиат Пунто“, при што биле следени од група од три лица во возило „Киа“. Лицата ги пресретнале Д.П. и неговата другарка во близина на трговскиот центар „Бисер“. Возачот се претставил дека е полициски службеник, по што му ги зел документите и телефонот на Д.П. 

Потоа Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели, но тука дошле и лицата со возилото „Киа“ и од неговите другари побарале документи. Едно од лицата физички го нападнало Д.П. и му се заканувало со пиштол.

Случајот е пријавен, преземени се соодветни мерки, а во полициска станица е приведен сторителот Г.С. (25). см/дма/16:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...