• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Македонски уметници на изложбата „2001 Одисеја во вселената“ во Барселона

Македонски уметници на изложбата „2001 Одисеја во вселената“ во Барселона

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - Филмскиот работник Јане Алтипармаков и фотографката Наташа Гелева се поканети на изложбата „2001 Одисеја во вселената – 50-та годишнина“, која од 23 октомври ќе биде посатвена во Филмскиот музеј во Барселона.

Тие ќе ја претстават нашата културна сцена на покана од Јан Харлан, извршен продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик и за изложбата ќе направат видео и фотоесеј што подоцна ќе биде презентиран во јавноста.

Кјубрик изложба 2

Се работи за јубилејна и ретроспективна изложба по повод половина век од официјалната премиера на култниот научнофантастичен филм на Кјубрик, кој од Американскиот филмски институт е прогласен за најдобар СФ-филм во историјата на кинематографијата.

Изложбата е составен дел од фестивалот „Кјубрик“ - иницијатива организирана од Фондацијата „Стенли Кјубрик“. Содржини на фестивалот досега беа поставени во Мексико, Данска, Германија, а и Македонија беше дел од фестивалот преку ревијата на филмови на Кјубрик минатата година на Скопскиот филмски фестивал.

Кјубрик изложба 3

 

На јубилејната, ретроспективна изложба во Барселона посетителите ќе може да видат дел од познатите артефакти од епскиот научнофантастичен филм и да проследат инсерти и фотографии од самото снимање. хс/ сд/15:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...