• A-
  • A
  • A+
среда, 17 октомври 2018, 

Адеми: Објавениот индикатор од СБ ќе помогне во подобрување на образовните политики

Адеми: Објавениот индикатор од СБ ќе помогне во подобрување на образовните политики

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - Министерството за образование и наука ги анализира податоците добиени од последното истражување на Светската банка, како и на други меѓународни организации, и врз основа на ваквите истражувања ќе ги темели сите реформски образовни политики со цел да се достигне нивото на квалитет на образование што го имаат европските земји. 

Ова за МИА го изјави минситерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со последното истражување на Светска банка, според кое Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) на Македонија е понизок од просекот на регионот и група на приходи и дека се потребни итни мерки.

- Овие индикатори ќе ни помогнат во подобрување и на досегашните планирани образовни политики, преку кои се стремиме кон реално подобро образование за сите деца во Република Македонија, без оглед на која категорија ученици припаѓаат, истакна минстерот.

Според него, Република Македонија останува посветена на учеството во меѓународните тестирања, односно оценувања како што е ПИСА, за што веќе е склучен договор за следните три години со ОЕЦД.

Тој додаде дека од оваа учебна година во насока на подобрување на компетенциите и вештините на учениците во средното стручно образование и поврзување со пазарот на трудот, се реализира т.н. дуално образование, во кое учениците директно се вклучуваат во производниот процес во компаниите.

Така, истакна Адеми, го спојуваме стопанството со образованието преку обучување кадар кој ќе им биде потребен на компаниите уште во самото образование, а се олеснува и патот на младите до вработување по завршување на средното стручно образование.

Адеми истакнува дека е направено и подобрување на наставните програми во сите степени на образование со што програмите се насочени кон резултати од учење, а не само кон меморирање на содржините од учебниците.

Според извештајот на Светска банка кој беше објавен вчера, децата во Македонија додека наполнат 18 години се очекува да завршат 11,2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога годините на школување ќе се приспособат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно на само 6,8 години што значи дека има јаз во учењето од 4,4 години.

Според истражувањето, ИЧК укажува дека дете родено денес во Македонија кога ќе порасне ќе биде продуктивно 53 проценти од она што би можело да биде ако имало целосно образование и било целосно здраво.  

- Вредноста на индексот, особено вредноста на образовните показатели, укажуваат на итно преземање мерки. Се чини дека досегашните реформи не го трансформирале образовниот систем доволно за да им помогне на мнозинството ученици да ги достигнат барем основните знаења, вели Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, 

Министерот за образование во изјавата за МИА наведува дека како Министерство остануваат отворени за соработка во однос на подобрување на квалитетот во воспитнообразовниот процес, со цел воспоставување образовни политики и нивна имплементација со која ќе се создадат силни индивидуи кои ќе придонесат и ќе бидат носители на промените во општествената состојба во нашата држава, односно ќе бидат носители на промени, а не само следбеници. скс/хс/16:26

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...