• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

По демантот од Владата, ТВ Алфа им се извини на Заев и Анѓушев за лажна вест

По демантот од Владата, ТВ Алфа им се извини на Заев и Анѓушев за лажна вест

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) - Телевизија „Алфа“ им се извини на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за пласирање лажна вест откако денеска Владата ја демантираше веста и побара јавно извинување од телевијата.

- ТВ Алфа им се извинува на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев за пласираните лажни информации во  прилогот насловен „Заев: Вината на Анѓушев не е докажана“. Изјавата на премиерот Заев е неточно и погрешно пренесена со што е објавена лажна вест со која се нанесува штета на угледот на премиерот Зоран Заев и на заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев“, се наведува во објавениот демант.

Во демантот и барањето за извинување Владата денеска укажа дека изјавата на премиерот Зоран Заев е  погрешно  пренесена и врамена во сосема неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев. хс/мд/18:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...