• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Тевдовски: Проектираме значително понизок јавен долг од претходната влада

Тевдовски: Проектираме значително понизок јавен долг од претходната влада

Скопје, 31 мај 2018 (МИА) - Со новата фискална стратегија, проекциите за јавниот долг се значително помали во однос на последната фискална стратегија на претходната влада. Во просек станува збор за 3,5 процентни поени помалку секоја година, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски во гостување на Алсат М телевизија.

- Согласно последната фискална стратегија на претходната влада од октомври 2016 година, за 2017 се предвидуваше јавен долг од 53,1 отсто. Оваа Влада ја заврши 2017 со 47,6 отсто јавен долг или дури за 5,5 процентни поени помалку. Првпат после осум години имаме намалување на јавниот долг на годишно ниво во 2017. Согласно последната стратегија на претходната влада од октомври 2016 година, во 2019 година планирано беше јавниот долг да достигне 56 проценти, и којзнае колку потоа. Со новата фискална стратегија максимумот што го проектираме е 54,8 отсто од БДП во 2020 година, кој потоа следната година веќе опаѓа, односно е во надолна линија. Планирана е постепена буџетска консолидација која предвидува буџетскиот дефицит да се намали на два отсто од БДП во 2021 година, рече Тевдовски.

Како што посочи тој, досега во овој период немало фискална стратегија и не можело да се дадат никакви коментари. Ова е првпат после 10 години да се носи навреме фискалната стратегија.

Министерот за финансии посочи дека основната проекција на која се базира фискалната стратегија е дека ќе се интензивира економскиот раст следните години.

- Светска банка имаше еден одличен графикон за изминатите години во кој покажува дека растот во Македонија бил околу 0,5 отсто, ако се исклучи онаа државна интервенција во градење споменици, фасади, жални врби. Тоа покажува дека растот бил лажно напумпан. Ние не водиме такви политики. Правиме притисок капиталните инвестиции да се интензивираат. Имаме сериозно забрзување на извозот. Закрпенува индустриското производство. Првпат дизајнираме политики кои ќе дадат сериозна поддршка за домашните претпријатија, истакна Тевдовски.

Тоа, додаде, значи дека фирмите, приватниот сектор ќе имаат поддршка за опрема, за плати. Фирмите се ослободени од политичките стеги. Активните мерки за вработување се на рекордно високо ниво, достигнуваат милијарда денари. Додека бевме во опозиција многу пати кажував дека, таа подршка за најголемиот проблем во државата беше многу ниска, тогаш изнесуваше некаде четири-пет милиони евра, сега е скоро тројно зголемена. Сето тоа ќе направи работите во економијата да се придвижат, истакна Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека првпат после повеќе од декада има брз и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите.

- Ако ги земете податоците во првите четири месеци од годината, повратот е 121 милион евра. Тоа е сериозна ликвидност. Ако се спореди со претходната година, порастот е некаде 40 проценти. Трезорот во Министерството за финанси сега функционира технички- се што ќе дојде за исплата веднаш се исплаќа, нема држење на налози, рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи и дека преку софтверот за евиденција на обврските ќе се избегне натрупување на обврски, како што беше случајот со претходната влада. Како пример ја наведе Филхаромонијата, која била помпезно отворена од претходната влада, но оваа Влада морала да ги отплаќа заостанатите обврски за овој објект.скс/лв/09:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...