Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Конституенцата на СБ и ММФ

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Конституенцата на СБ и ММФ

Скопје, 9 јуни 2018 (МИА) - Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на средбите на Конституенцата на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, кои се одржуваат во Сплит, Хрватска.

На Конституенцата ќе се обратат заменик претседателот на Групацијата на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, како и извршните директори на ММФ и Светска банка, Антони Де Ланој и Френк Хемскирк.

На маргините на Конституенцата, како што информира Министерството за финансии, Тевдовски ќе оствари средба со министерот за финансии на Холандија Вопка Укстра.

Холандија претседава со Конституенцата во која е Македонија. Во неа членуваат и Хрватска, Украина, Израел, Романија, Бугарија, Луксембург, Кипар, Босна и Херцеговина, Молдавија, Ерменија и Црна Гора. На годишните состаноци на конституенците учествуваат министри и гувернери на банки, со  цел да ја зајакнат меѓусебната соработка и да разменат мислења на актуелни теми.скс/08:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ