• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Средба Тевдовски - Укстра во Сплит

Средба Тевдовски - Укстра во Сплит

Скопје, 9 јуни 2018 (МИА) - Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со холандскиот министер за финансии Укстра за време на Конституенцата Светска банка - ММФ што се одржува во Сплит.

На средбата присуствуваше и извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк.

За време на состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Тевдовски се заблагодари за поддршката која Холандија и ја дава на Македонија во секторот јавни финансии. Информира за планот за реформите во јавните финансии чија имплементација е во тек.

Двајцата министри зборувале и за важноста од транспарентност во јавните финансии. Притоа, министерот Тевдовски посочил дека зголемувањето на транспарентноста е еден од главните приоритети на Владата.

- За време на состанокот се зборуваше и за Меморандумот за соработка 2017-2019, кој беше потпишан помеѓу двете министерства во август 2017 и кој предвидува билатерална соработка преку размена на искуства, обуки и консултации за јавните финансии. Во контекст на интензивирање на соработката министерот, Тевдовски го покани холандскиот министер да ја посети Македонија, информира Министерството за финансии. мч/18:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ