• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Неформален состанок на директорите на царинските управи од Западен Балкан

Неформален состанок на директорите на царинските управи од Западен Балкан

Скопје, 12 јуни 2018 (МИА) - Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски учествуваше на неформален состанок на директорите на царинските управи од Западен Балкан што денеска и вчера се одржа во Албанија. 

Царинската управа денеска соопшти дека на состанокот се разговарало за подготовката за заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан.

На состанокот присуствувале претставници од царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.

Состанокот е продолжение на првиот неформален регионален состанок што на 30 ноември и 1 декември лани се одржа во Македонија. бак/ев/16:55

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.