Десет милиони евра повластени средства за инвестиции на МСП

Десет милиони евра повластени средства за инвестиции на МСП

Скопје, 20 јуни 2018 (МИА) – Охридска банка - Сосиете Женерал и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска потпишаа договор со кој на малите и средни претпријатија во Македонија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за инвестиции.

Како што рече министерот за финансии Драган Тевдовски, кој присуствуваше на потпишувањето, оваа кредитна линија претставува ликвидносна инјекција која ќе придонесе за придвижување на малите и средни претпријатија (МСП). За 15 отсто од инвестициите тие ќе добијат поврат на средствата во форма на грант од ЕУ.

- Кредитната линија се реализира преку Програмата за поддршка на конкурентноста и иновативноста и е стимул за вложување во нови производни капацитети и отворање нови работни места, нагласи министерот.

Повикувајќи се на статистичките податоци, Тевдовски потсети дека 99 отсто од вкупниот број фирми во Македонија се мирко, мали и средни претпријатија. Тие се носители на 75 проценти од работните места и креираат околу 65 отсто од додадената вредност во Бруто-домашниот производ.

- Ако се земе ова предвид може да се заклучи дека малите и средни претпријатија се `рбетот на економијата. Затоа приоритет на Владата е нивна поддршка и подобрување на пристапот до финансии, потенцира Тевдовски.

Програмата за поддршка на конкурентноста е проектирана на 30 милиони евра, од кои шест милиони се грант од ЕУ. мч/бак/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...