МФ: ЕУ ја поздрави подобрената фискална транспарентност

МФ: ЕУ ја поздрави подобрената фискална транспарентност

Скопје, 27 јуни 2018 (МИА) - Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија го поздравува видливото подобрување во управувањето со јавните финансии и фискалната транспарентност, соопшти Министерството за финансии.

На состанокот донесена е одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.

- Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог. Министерството за финансии како дел од Владата на Р. Македонија, посветено работи на спроведување на препораките на Европската Унија, наведуваат од Министерството за финансии.

Во соопштението додаваат дека со новиот Закон за спречување перење пари и тероризам, кој беше изгласан од Собранието, се подобрува системот за спречување перење пари и се работи на намалување на т.н. сива економија.

Во законот се прецизираат и усогласуваат со четвртата ЕУ Директива одредбите кои се однесуваат на вистинските сопственици и се предвидува воспоставување регистар на вистински сопственици во рамки на Централниот регистар на РМ, Законска обврска е правните лица да поседуваат, чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоци за нивните вистински сопственици.

Со оваа промена сопственик на правно лице повеќе нема да може да биде друго правно лице-фирма. Ќе мора да има податоци за физичко лице, сопственик со најголем удел на сопственост во претпријатието.скс/са/14:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ