• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

ДЗР со податоци за ревизиите на партиите и јавните набавки

ДЗР со податоци за ревизиите на партиите и јавните набавки

Скопје, 28 јуни 2018 (МИА) - Државниот завод за ревизија денеска ќе ги соопшти резултатите од ревизиите на политичките партии, јавните набавки и извештаите доставени до надлежни органи во 2017 година.

На средба со новинарите ќе го презентира Годишниот извештај за работењето лани кој ќе биде тема за расправа и во Собранието на Република Македонија.

Ќе бидат презентирани и планираните новитети во врска со транспарентноста на ДЗР и соработката со медиумите што е една од петте стратегиски цели во „Стратегијата за развој на ДЗР 2018 - 2022 година“.

На брифингот ќе зборува Мијалче Дургутов, ревизор во Секторот за информациски системи, задолжен за комуникација со медиумите и новинарите. мч/лв/07:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ