Втора летна школа на Охридска банка „Биди банкар“

Втора летна школа на Охридска банка „Биди банкар“

Скопје, 2 јули 2018 (МИА) - Во Охрид денеска почна летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал „Биди банкар“ на која десетте избрани студенти, преку практични и тематски предавања, ќе се здобијат со професионално искуство од областа на банкарското работење.

Банката летната школа ја организира втора година по ред и има цел да прерасне во традиција,  создавајќи на долг рок млад, амбициозен и банкарски поткован кадар, кој ќе даде свој придонес во општеството и ќе биде подготвен за пазарот на труд.

Школата ќе трае до крајот на овој месец. Програмата вклучува различни активности, како практична работа во Дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од страна на вработените во Банката од областа на банкарското работење и финансиите, обуки за меки вештини, тематски работилници, како и многу забава, дружење и едукација.

Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот.скс/дма/14:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ