Меморандум за соработка помеѓу регулаторните тела за супервизија на осигурување на Македонија и Турција

Меморандум за соработка помеѓу регулаторните тела за супервизија на осигурување на Македонија и Турција

Скопје, 3 јули 2018 (МИА) - Регулаторните тела за супервизија на осигурување на Македонија и Турција потпишаа меморандум за соработка со кој се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето.

Меморандумот, како што соопштија од Агецијата за супервизија на осигурувањето на Македонија го потпишаа претседателот на Советот на експерти  Климе Попоски и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury) Ахмет Генк.

Со потпишување на Меморандумот двете страни изразија интерес и волја за поблиска соработка во иднина и размена на искуства.

Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во Македонија и Турција се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење  значително да се унапреди работењето на двете институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.

Соработката со Турскиот регулатор ќе овозможи пренос на знаења за воспоставување и супервизија на тамошните решенија за справување со последиците од природните непогоди што се засновани на принципите на јавно-приватно партнерство преку осигурителните пулови за земјоделско осигурување (TARSIM) и за осигурување од земјотрес (TCIP).скс/дма/13:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...