• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

EXIM системот презентиран на претставници од албанската царина

EXIM системот презентиран на претставници од албанската царина

Скопје, 6 јули 2018 (МИА) - Претставници на Царинската управа на Република Македонија, предводени од директорот  Ѓоко Танасоски, на царинска испостава Ќафасан, одржаа состанок со претставници на Царинската управа на Република Албанија, предводени од директорката  Белинда Икономи.

Целта на состанокот, како што соопшти Царинската управа на РМ, беше запознавање на царинските службеници од Република Албанија со работењето на EXIM - електронски систем кој го користат 16 институции што имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење и претставува едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти.

EXIM системот овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволи од страна на надлежните институции, а  Царинската управа на Република Македонија го воведе во 2008 година.

За време на состанокот, претставниците на Царинската управа на Република Албанија имаа можност да направат увид во градежните работи за изградба на нов терминал на ГП Ќафасан, што се планира во иднина да се користи од двете царински служби.скс/сд/14:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ