• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МФ: Воведување краудфандинг за поголем пристап до капитал за малите и средни претпријатија

МФ: Воведување краудфандинг за поголем пристап до капитал за малите и средни претпријатија

Скопје, 16 јули 2018 (МИА) - Примена на краудфандинг во Македонија, односно концепт на прибирање средства од поголем број инвеститори за финансирање компании, ќе придонесе за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите. Можноста за воведување на овој начин за финансирање во Македонија беше дискутиран на Советот за развој на пазар на капитал, што се одржа денеска во Министерството за финансии.

Како што беше истакнато на Советот, веќе постојат успешни примери за краудфандинг во регионот, како Хрватска, која преку естонска платформа успешно собира средства за инвестиции во проекти. Беше посочено дека краудфандингот е значаен и од аспект на тоа што друштвата кои бараат средства мора да имаат регистрирано компании, како и дека финансирањето се одвива преку банкарските канали.

Со Советот за развој на капитал претседава министерот за финансии Драган Тевдовски, додека во него членови се гуверенерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерката без ресор Зорица Апостолска, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателите и директорите на регулаторните тела - на Комисијата за хартии од вредност, на Агенцијата за супревизија на осигурување, на МАПАС и на Македонска берза. скс/дма/19:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ