Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити во вториот квартал

 Граѓаните и фирмите земале повеќе кредити во вториот квартал

Скопје, 28 јули 2018 (МИА) - Домаќинствата и корпоративниот сектор најмногу придонесоа за раст на кредитната активност во вториот квартал од годинава, покажува најновиот извештај на Народната банка.

Според извештајот, на годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал од годинава достигна 6,3 отсто.

Во однос на изворите на финансирање, забележан е забрзан раст и на депозитите. Годишниот раст на вкупните депозити на крајот на јуни достигна 10,5 проценти, што, исто така, е над последната проекција од 7,4 отсто.

- Забрзувањето на растот кај депозитите во вториот квартал произлегува од депозитите на претпријатијата, со натамошен позитивен придонес на депозитите на домаќинствата, оцени НБРМ.

Се очекува позитивните трендови кај депозитната база на банките да продолжат и во следниот период, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот раст, што според априлската проекција, во следните две години би се движел помеѓу 6,5 и 7,7 отсто.

- Се очекува домашната економија и натаму да биде поддржана од кредитната активност на банките, во отсуство на инфлациски притисоци и задржување на поволната надворешна позиција, што ќе овозможи одржување на девизните резерви во сигурната зона, смета Народната банка. мч/ сд/07:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...