Се воведува лимит на трошоците на граѓаните при користење потрошувачки кредити

Се воведува лимит на трошоците на граѓаните при користење потрошувачки кредити

Скопје, 28 јули 2018 (МИА) - Ограничување на надоместоците кои ги плаќаат граѓаните при одобрување и отплата на потрошувачки кредити, е главна цел на измените во новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Од Министерството за финансии денеска соопштија дека со ограничување на надоместоците, односно на годишната стапка на вкупни трошоци, ќе се намалат трошоците кои граѓаните го плаќаат при користење на потрошувачки кредити. Намалувањето ќе биде најзначајно кај кредитите во кои се одобруваат мали износи,  со кратки рокови на отплата, т.н. „брзи кредити“.

- На овој начин ќе се намали ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, се вели во соопштението.

Најавата за новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити е веќе на платформата ЕНЕР. Во текот на следната неделата целосниот текст на законот ќе биде објавен за јавна консултација.лв/ев/12:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...