• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Помали акцизи за малите произведувачи на алкохол

Помали акцизи за малите произведувачи на алкохол

Скопје, 30 јули 2018 (МИА) - Се намалуваат акцизите за малите произведувачи на алкохол, со новиот Предлог закон за акцизи, што го подготви Министерството за финансии, а кој е усогласен со директивите директивите на Европската унија.

Според Предлогот, малите дестилерии ќе плаќаат 50 проценти од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците -  мали производители 8,5 проценти од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол, акцизата останува иста.

- Дополнителна поволност која ја предвидува законот е тоа што отсега акцизата за тутунски производи и алкохолни пијалаци ќе се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, односно со подигање на акцизните марки, појаснуваат од Министерството за финансии.

Исто така, ќе се намали акцизата за меѓупроизводите, како на пример ликер и вермут, за околу 50 проценти.

Со новиот закон за акцизи се овозможува увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, кои досега граѓаните ги набавуваа од странство.

Поради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јаглен, кокс и лигнит, тие стануваат акцизно добро со овој закон, со тоа што акцизата се одредува на нула проценти. Тоа значи дека увезувачите нема да имаат дополнителен трошок, односно нема да плаќаат акциза. лв/дма/15:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...