• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Се ограничуваат трошоците кои граѓаните ги плаќаат за брзи кредити (видео)

Се ограничуваат трошоците кои граѓаните ги плаќаат за брзи кредити (видео)

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Се намалуваат високите трошоци за брзите кредити кои ги издаваат финансиски друштва, но и една банка. Со законските измени, што ги изготви Министерството за финансии, вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 проценти од кредитот, кои досега достигнуваа и до 500 проценти од сумата на кредитот. Со измените се опфаќаат мали кредити под 200 евра што претходно, не беа законски опфатени.

Измените на Законот за заштита на порошувачите при договори за порошувачки кредити, кои од денеска ќе бидат изложени и на Единствениот национален електронски регистар – ЕНЕР, беа презентирани на средба меѓу заменик-министерката за финансии Ширет Елези и претседателската на Оганизацијата за заштита на порошувачи Маријана Лончар.

- За да ги заштитиме граѓаните, а воедно и да го намалиме ризикот од дополнително влошување на состојбата на лицата кои имаат проблеми со отплата на кредитите, ги направивме овие законски измени. Со нив се намалуваат и вкупите трошоци за кредитите. Со измена на законот, сега вкупните трошоци на кредитот се лимитираат на 55 отсто, или пет пати по стапката на казнената камата од 11 отсто. За споредба претходно не постоеше лимит, така што давателите на кредити за мали износи и куси временски рокови наплаќаа двојно или тројно повисока сума трошоци од главнината, изјави Елези додавајќи дека на пример за земен кредит од 12.000 денари на два - три месеци, граѓаните требаа да вратат 36.000 денари.

Претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) ја поздрави иницијативата на Министерството за финансии за измени на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

- Оваа измена е особено важна за сите нас како потрошувачи од причина што се ограничува годишната стапка на вкупни трошоци за потрошувачки кредити. Поволно за потрошувачите е тоа што со законските измени се овозможува законот да се применува и на кредитите до 200 евра кои досега не беа опфатени со овој закон, додека кај потрошувачите се создава заблуда затоа што најчесто овие кредити се рекламираат како кредити без камата, а всушност пресметаните трошоци претставуваат скриена камата. Од тие причини ОПМ апелира измените да бидат што побргу усвоени, рече Маријана Лончар.

Во земјава се регистрирани 20 финансиски друштва кои нудат вакви кредити на граѓаните.скс/са/12:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ