• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Тевдовски: До крајот на годината сите ќе имаат увид во исплатите од државната каса

Тевдовски: До крајот на годината сите ќе имаат увид во исплатите од државната каса

Скопје, 12 август 2018 (МИА) - До крајот на годината граѓаните ќе можат да ги видат исплатите од државната каса. Секој потрошен денар ќе биде објавен, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски. 

Во тек е подготовка на платформа со која јавноста ќе има увид во сите трошења од Трезорот, информираа од Министерството за финансии и додаваат дека направиле консултации со граѓанските организации и претставници на медиумите, за да придонесат во изработката на платформата. Министерството, како што се посочува, со овој чекор ќе придонесе кон целосно отворање на процесите на управување со јавните финансии кон јавноста.

- Финансиската транспарентност ја исполнува својата цел. Јавноста има увид и прави притисок за правилно трошење на парите. Европската унија, за разлика од порано кога ја критикуваше нетранспарентноста во јавните финансии, сега во последниот извештај ја издвои токму фискалната транспарентност, како еден од клучните успеси, рече Тевдовски.

Тој посочи дека Министерството за финансии презело и низа други чекори за подобрување на транспарентноста. Како што истакна, се објавуваат извештаи за извршувањето на Буџетот по буџетски корисници на месечна основа, извештаи за извршувањето на Буџетите на општините на квартална основа, а полугодишниот извештај за извршување на Буџетот за првпат содржи детални податоци за сите буџетски корисници.

Министерот истакна дека е направен „Граѓански буџет“, како и дека е организирана јавна дебата за Буџетот пред тој да биде усвоен од Владата. За следниот „Граѓански буџет“ ќе има веб апликација, изработена од победниците на ФинХакатонот.

Од Министерството наведуваат дека во насока на зголемување на транспарентноста институциите сите договори за јавни набавки и анекси почнале да ги објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Јавните набавки, како што се потенцира, станале повидливи за јавноста преку платформата Отворени податоци. Од Министерството за финансии додаваат дека на веб-страната ги објавуваат податоците во отворен формат. рп/аа/13:20

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...