МФ, УЈП и МБА го прецизираат текстот во новиот Закон за банки

МФ, УЈП и МБА го прецизираат текстот во новиот Закон за банки

Скопје, 15 август 2018 (МИА) - Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската банкарска асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Како што соопшти Министерството за финансии, договорено е прецизирање на текстот што ќе се имплементира во новиот текст на Законот.

- Управата и со постоечкиот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не и се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава, наведуваат во соопштението.

Оттаму појаснуваат дека податоците што ќе ги добива УЈП ќе бидат „енкриптирани“ со цел да се заштитат личните податоци на граѓаните. Ова ниво на заштита е повисоко и од актуелното. Во насока на заштита на личните податоци, веќе се подготвуваат промени во Законот за Управата за јавни приходи.

Промените ќе стапат на сила од почетокот на 2019 година, бидејќи истите се потребни за изработка на претпополнетата годишна даночна пријава. Со ова како и во најголем дел од европските земји граѓаните ќе се ослободат од пополнување на годишната даночна пријава.

- Нема никакви промени кај третманот на дознаките од странство. Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход, истакнуваат во соопштението.

УЈП и Македонската банкарска асоцијација ќе ја продолжат соработката со цел успешно да се имплементира законот.скс/сд/16:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...