• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

МФ: Со законски измени поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

МФ: Со законски измени поголема заштита на корисниците на осигурителни полиси

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Oсигурителните компании ќе бидат обврзани, во рок од пет дена, сите измени што ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување да ги објават на својата веб-страна. Ова се дел од измените и дополнувањата што Министерството за финансии ги направи во Законот за супервизија на осигурување, со цел заштита на правата на потрошувачите, како и подобра информираност и поголема транспарентност.

Од Министерството за финансии информираат дека во насока на обезбедување на целосно ликвидни средства за непречено сервисирање на обврските на друштвата за осигурување, предложено е дополнување на законот. Согласно предложената одредба, акционерскиот капитал на друштвото за осигурување мора да биде само во паричен облик и да биде уплатено во целост.

Според Министерството за финансии од особена важност за осигурителната фела, поточно актуарската професија, е предложената измена во законот со која се предвидува нов концепт за полагање на испитот за актуар.

- Досегашниот електронски начин на полагање се покажа како неприменлив во пракса, поради што и подолг период не се одржал испит за актуари. Со измената на законот, повторно се отвора оваа можност за професионалците од осигурителната фела, појаснуваат во соопштението.

Измените и дополнувањата на законот се влезени во собраниска процедура.скс/сд/09:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...