Комерцијална банка доби награда од „Сити банк“ за меѓународни плаќања

Комерцијална банка доби награда од „Сити банк“ за меѓународни плаќања

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Комерцијална банка АД Скопје како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank.

Комерцијална банка соопшти дека високиот степен на директна обработка на меѓународните плаќања значајно влијае на заштедата на време и трошоци, што и дава конкурентска предност на Банката.

- Оваа награда претставува уште еден поттик за вработените и потврда за коминтентите дека Комерцијална банка АД Скопје и во меѓународни рамки останува најреномирана банка во Република Македонија, која се истакнува со својот исклучителен квалитет во извршувањето на меѓународните плаќања, наведуваат од Комерцијална банка.скс/сд/14:25

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ