• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Увид во состојбата и функционирањето на ГП Табановце, Ќафасан и Маркова Нога

Увид во состојбата и функционирањето на ГП Табановце, Ќафасан и Маркова Нога

Скопје, 16 август 2018 (МИА) - Претставници од Делегацијата на ЕУ заедно со делегација на  Царинската управа на Република Македонија ги посети и извршија увид на состојбата и функционирањето на ГП Табановце, Деве Баир и месноста Маркова нога. Делегациите беа предводени од директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и Никола Бертолини раководителот на секторот за соработка од ЕУ делегацијата.

Посетите, реализирани месецов, а за кои Царинската управа информираше денеска, се во рамки на повеќегодишната соработка  и постојаната поддршка на царинското работење во Република Македонија, од страна на Европската унија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, за негово приближување кон стандардите на Европската унија.

На ГП Табановце,  кој е обновен преку проект финансиран од ЕУ, оценето е дека  придобивките од проектот, и покрај краткиот период од неговото завршување, веќе ги даваат првите резултати во олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведувањето на царинските постапки во модерни капацитети и услови. 

ќафасан

На граничниот премин Ќафасан е заклучено дека напредокот на проектот за надградба на објектот, во рамки на ИПА програмата, е задоволителен и дека  се очекува да биде реализиран до крајот на 2018 година.

Со градбата на нов царински терминал за товарен сообраќај од  9,5 илјади м2, новата  зграда за царински постапки, објекти за преглед на товарни возила и магацин, зграда со пропратни содржини да се создадат поповолни инфраструктурни услови на овој најфреквентен граничен премин кон Република Албанија. - Со тоа, наведуваат од Царината, се овозможува дополнително забрзување на царинските и прекуграничните формалности на сè поголемиот интензитет на размена на стока и патници преку истиот.  

маркова нога

При посетата на Охридско –преспанскиот регион посетена е областа Маркова нога, за запознавање со локаната инфраструктура.скс/сд/16:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ