• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Тевдовски: Продолжува трендот на раст на платите, на годишно ниво 1.400 денари

Тевдовски: Продолжува трендот на раст на платите, на годишно ниво 1.400 денари

Скопје, 21 август 2018 (МИА) - Растот на просечната плата во јуни годинава во однос на јуни лани од 6,1 процент за министерот за финансии Драган Тевдовски е сериозен раст.
 
- Особено радува фактот што има сериозен раст од 6,1 отсто или околу 1.400 денари на просечната плата овој јуни во споредба со јуни 2017. Растот е забележан во повеќе индустрии како: стручни, научни и технички дејности, уметност и рекреација, но и кај трудоинтензивните дејности, изјави министерот за финансии.
 
Во изјава за МИА потенцира дека ова јасно покажува дека мерките на Владата, а особено растот на минималната плата доведоа до притисок на растот на сите плати.
 
плати
 
Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата во јуни изнесува 24.203 денари, забележувајќи раст од 6,1 процент.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен  за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7 отсто и преработувачка индустрија за 14,7 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување  за 14 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна 11,3 отсто и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за три отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2018 изнесува 35.530 денари.скс/са/14:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ