• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Делегација на даночната администрација на Косово на средби во УЈП

Делегација на даночната администрација на Косово на средби во УЈП

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - Директорот на Даночната администрација на Косово, Сакип Имери и претставниците на менаџментот од Косовската даночна администрација престојуваат во  дводневната билатерална посета на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи информира дека на средбата од страна на директорката на УЈП, Сања Лукаревска беше истакната досегашната соработка со Даночната администрација на Косово, како и подготвеноста на македонската даночна администрација и во периодот што следува да разменува искуства со колегите од Косово, во сите области од интерес на двете страни.

За време на средбата, директорите разменија искуства за предизвиците со кои се соочуваат двете даночни администрации, специфичноста на даночните обврзници кои ги администрираат, како и тековните и идни проекти со кои се очекува да ги зајакнат оперативните капацитети и да придонесат за модернизација на даночните управи во двете земји. 

Имајќи ги предвид обемот на темите и областите од заеднички интерес и соработка, првите даночници од Македонија и од Косово разговараа и за можноста од потпишување на меморандум за соработка, со кој ќе се овозможи продлабочување на соработката во делот на размена на искуства, трансфер на знаење и најдобри практики, поттикнување на доброволна даночна усогласеност, како и превенција, откривање и борба против даночната евазија во двете земји. 

За време на дводневната посета во Управата за јавни приходи, колегите од косовската даночна администрација ќе се запознаат со македонското искуство од воведувањето на ГПРС фискализацијата, како и со правни и практични аспекти на определени даночни прашања.скс/сд/13:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...