Тевдовски: Растот на платите ја поттикнува продуктивноста на фирмите

Тевдовски: Растот на платите ја поттикнува продуктивноста на фирмите

Скопје, 25 август 2018 (МИА) - Со растот на платите компаниите бараат начини, но и државна поддршка за унапредување на процесите. Годинава за прв пат е предвидена сериозна поддршка за домашните компании од државниот Буџет, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

Овие средства, вели Тевдовски, доаѓаат од граѓаните и компаниите кои уредно ги плаќаат своите даноци.

- Фискалната транспарентност веќе дава резултати. Институциите се должни да обезбедат фер однос и неселективно работење. Во таа насока е подобрен и повратот на ДДВ кон компаниите. Првите седум месеци од оваа година извршен е поврат на ДДВ на фирмите од 12,7 милијарди денари (206,4 милиони евра). Тоа е за 24% повеќе од истиот период лани. Годинава по овој основ се инјектирани 2,5 милијарди денари (40 милиони евра) повеќе во стопанството од минатата година, информира Тевдовски во интервју за неделникот Капитал.

Есенва на малите и средни претпријатија ќе им бидат ставени на располагање и 100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка.

Со ова, вели министерот за финансии, ќе се обезбеди свеж капитал за малите и средни претпријатија, ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања и ќе се зголеми ликвидноста во стопанството. ев/09:13

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...