Уште 100 милиони евра од ЕИБ есенва ќе бидат достапни на фирмите

Уште 100 милиони евра од ЕИБ есенва ќе бидат достапни на фирмите

Скопје, 30 август 2018 (МИА)  - Од оваа есен фирмите ќе можат да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити обезбедени од Европската инвестициска банка  (ЕИБ).

Предлог на Законот за гаранција на РМ на обврските по овој финансиски договор влезе во собраниска процедура. Откако ќе биде усвоен ќе следи потпишување на финансискиот договор за гаранција, по што фирмите ќе може да аплицираат во комерцијалните банки.

- Проектот има за цел обезбедување свеж капитал за малите и средни претпријатија во насока на поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз, образложи Тевдовски.

Од Европската инвестициска банка досега се повлечени 350 милиони евра со кои во стопанството се поддржани над 1.800 проекти.

Првиот кредит од оваа кредитна линија е даден крајот на 2009 година. Кредитите се пласираат преку 10 домашни банки  - Комерцијална, НЛБ Банка, Охриска банка, Стопанска банка Скопје, Стопанска банка Битола , Халк банка, Прокредит банка, Шпаркасе банка. УНИ Банка, ТТК Банка.скс/сд/15:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...