• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Драган Тевдовски, министер за финансии

Драган Тевдовски, министер за финансии

Скопје, 1 сепетмври 2018

На месечно ниво Министерството за финансии објавува Ивештај за извршувањето на Буџетот, а ДЗС ги објавува редовните соопштенија. Како министер за финансии, задоволен ли сте од резултатите?

- Во Буџетот на Република Македонија има одлична наплата на приходите, има одлична ликвидност, а вршиме сериозен притисок за реализација на предвидените расходи. Она што ме радува е дека имаме раст кај приходите од придонеси, што соодветствува со растот на платите. Кон крајот на месецот ќе го објавиме и извештајот за август. Она што се гледа како тренд во првите осум месеци е растот на даночните приходи од добивка. Очекуваме раст околу 30 милиони евра кај данокот на добивка до август. Ова е јасен знак дека фирмите се опоравуваат и стопанството затанува на нозе. Последните податоци за индустриското производство во јули покажуваат висок раст од 8,4 проценти во споредба со истиот месец претходната година. Според податоците за Странските директни инвестиции има висок раст во однос на минатата година. СДИ во првата половина годинава достигнаа 327 милиони евра. Само за споредба во 2017 година за цела година СДИ изнесуваа 227 милиони евра. Владата и понатму ќе продолжи да создава можности за економски развој. Со јасната насока кон ЕУ и НАТО, оваа состојба уште повеќе ќе се подобрува.

Драган Тевдовски

Главното ветување на Владата е растот на платите. Има поместување на просечната плата нагоре, а веќе е донесена одлука на Владата за покачувањето во образование, здравство и детска заштите најавено во Буџетот. Даваат ли резултат мерките за раст на платата?

- Секако дека треба да креирате политики со кои ќе овозможите подобар животен стандард преку растот на платите. Најголем дел од граѓаните живеат од својата плата и немаат други приходи. Првата мерка на Владата беше токму растот на минималната плата. Со подигнувањето на нивото на минималната плата на 12.000 за сите, промената ја почувствуваа директно 90.000 граѓани. Ќе Ви кажам еден прост пример што ова значи за граѓаните. Ако до пред една година едно семејство со две минимални плати, имало 18 илјади денари во семејниот Буџет, сега истото семејство дома носи минимум шест илјади денари повеќе. Растот на платите ги притиска компаниите да наоѓаат начини да ја подобрат продуктивноста. Резултатите се позитивни и бројките јасно го покажуваат тоа.

Од септември растат платите во образованието, здравството и детската заштита. Ако сакаме да напрадуваме како држава, мора да инвестраме во темелите на општеството – образованието и здравството. За да се издигнат на подобр ниво, мора да се вложува во капацитетот и кадарот со кој располагаме. Јасно е дека не станува збор за огромно зголемување. Истото е според можностите на нашиот Буџет. Насоката е јасна. Веруваме дека мора да има мотивирани, среќни и професионални вработени за да имаме квалитет.

Драган Тевдовски

Неделава во Собрание влегоа повеќе закони, при што беа најавени повеќе проекти. Каков ќе биде импактот од овие проекти?

- Со овие закони се овозможува реализација на неколку клучни проекти. Ќе се прошири патната делница Крива Паланка - Деве Баир. Ќе се обезбедедат 28,7 милиони евра од Светска Банка за изградба на нови градинки и други социјални услуги. Понатаму во Собрание влезе и Предлог-законот за гаранција на РМ на обврските по Финансискиот договор наменет за финансирање на мали и средни претпријатија – В фаза. Се работи за 100 милиони евра евтини кредити за мали и средни претпријатија кои се обезбедуваат од ЕИБ. Овие кредитни линии ќе придонесат за зголемување на производството, но и нови вработувања.

Сузи Котева Стоименова

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...