Кредитите од ЕИБ за МСП со камата до 3,5 проценти

Кредитите од ЕИБ за МСП со камата до 3,5 проценти

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) – На македонските мали и средни компании од денеска им е достапна поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) што ќе се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот и 11 деловни банки. Се очекува до крајот на месецот да бидат потпишани договорите со деловните банки, а од средината на следниот месец да почне и аплицирањето од компаниите за добивање кредити.

Кредитите ќе се доделуваат во транши од по пет милиони евра, а компаниите ќе можат да учествуваат со проекти во вредност од шест илјади евра до три милиони евра.

Кредитната линија ќе биде достапна во наредните две години, односно до повлекувањето на сите транши. Се очекува да биде понудена по пониски каматни стапки, односно со каматна стапка од околу 3,5 отсто и ќе има рок за враќање од 12 години со грејс-период од две до четири години во зависност од проектот.

Кредитната линија ќе може да се користи за инвестиции, набавка на опрема, градежни материјали, машини, транспортни средства, финансирање на обртни средства...

Како што истакна премиерот Зоран Заев по потпишувањето, Европската инвестициска банка со доделувањето на поволниот кредит го препозна позитивниот сигнал што го има македонската економија особено во вториот квартал од годинава, кога е забележан раст на БДП од 3,1 отсто, раст на индустриското производство од 8,4 отсто и зголемување на вработеноста од 7,2 отсто.

Министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека ова не е единствената поддршка што Владата ја нуди за малите и за средните компании во земјава и додаде дека во буџетот се предвидени 1,3 милијарда денари за поддршка на ваквите компании и дополнителна една милијарда денари за активни мерки за вработување.

- Стоте милиони евра се само дел од поголемиот план за поддршка на малите и на средните претпријатија што ги преземаме, рече Тевдовски.

Заменик-директорот на ЕИБ, Ендрју Мекдауел, истакна дека со оваа кредитна линија се поддржува приближувањето на земјава кон ЕУ и најави дека имаат намера во иднина да се фокусираат на поддршка на транспортот, енергијата и заштитата на животната средина во земјава.

Досега вкупната поддршка од ЕИБ за земјава изнесува 450 милиони евра. вј/скс/10:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...