Завршен настан од проектот за стратешки развој на руралниот туризам

Завршен настан од проектот за стратешки развој на руралниот туризам

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Што е рурален туризам, како да се пронајдат насоките за стратешки развој на оваа гранка, дали и колку институциите се координирани и усогласени кога ги креираат и носат политиките во руралниот развој и туризмот, кои се ставовите на сопствениците на капацитетите во руралните средини, се само некои од прашањата на кои одговор треба да даде денешнот завршен настан од проектот „Стратешкиот развој на руралниот туризам - основа за комплементарно поврзување и надополнување на индустриската политика и одржливиот развој на Македонија“.

Настанот насловен „Стратешкиот развој на руралниот туризам доволно познат и применлив или не?“ го организира Рурална коалиција, а ќе учествуваат претставници на министерствата за земјоделство и за економија. 

На настанот ќе бидат презентирани мапата со над 60 капацитети кои делуваат во руралните средини, како и веб-понудата на капацитети во руралните средини. мч/са/07:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ