Турската компанија Мурат Тиџарет ќе гради фабрика во Скопје

Турската компанија Мурат Тиџарет ќе гради фабрика во Скопје

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува и ќе се обрати на отпочнувањето на  изградбата на фабрика на турската компанија Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.

Покрај премиерот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Драган Тевдовски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски и Ејул Ѓулсој, директор на компанијата Мурат Тиџарет. дма/са/07:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ