• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Царинската управа потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија и ДХЛ Експрес

Царинската управа потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија и ДХЛ Експрес

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Царинската управа на Рeпублика Македонија денеска потпиша меморандуми за соработка со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ДХЛ Експрес Македонија.

Мерките регулирани со меморандумите, информираат од Царинската управа, ќе резултираат со зголемена успешност во олеснување на трговијата со пратки, наплатата на приходи и подигнато ниво на заштита и безбедност, во услови на избалансираност помеѓу олеснети услови за непречен проток и оптимизирана контрола на стоката и пратките, како и правилна примена на царинските прописи.

Меморандум за соработка, што претставува пристапување на Царинската управа на Република Македонија во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија, го потпишаа претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија Нина Ангеловска и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

Потписниците на Меморандумот, како што информираат од  Царинската управа, соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата, за потребите на корисниците на услугите, како и преку  споделување на тековни и нови искуства, релевантни за област на дејствување и соодветната целна група.

Меморандумот за соработка потпишан меѓу директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и директорот на  ДХЛ Експрес Македонија Нанослав Радовиќ, се вели во соопштението, ќе придонесе за зајакнување на борбата против трговијата со нелегални стоки и обезбедување на сигурен превоз на брзите пратки, промовирање на ефикасна размена на информации, изнаоѓање на практични решенија за взаемна помош при идентификување на пратки со поголем ризик и обезбедување на брз третман на пратките, без да биде доведено во прашање сигурноста и безбедноста на граѓаните. аа/са/15:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...