• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Бектеши на состанок во Приштина за косовските царини

Бектеши на состанок во Приштина за косовските царини

Скопје, 27 јули 2018 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава.

Бектеши пред два дена преку писмено соопштение изјави дека очекува средбата да резултира со решение од заемен интерес за двете страни.

- Уверен сум дека имаме заедничка цел, а тоа е олеснување на трговијата на Западен Балкан, согласно правилата на ЦЕФТА Договорот и принципите на слободна трговија, рече Бектеши.

Косовската Влада на 24 јули донесе одлука за делумно повлекување на времената мерка, но со неа останаа опфатени доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето, на кои отпаѓа најголемиот дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар.

Македонија, како што соопшти вчера Министерството за земјоделство, засега не планира воведување контра - мерки, но очекува Косово целосно да ги укине зголемените царини.

Завчера во Белград состанок одржаа ресорните министри од регионот. Заедничка беше пораката Косово да ја повлече одлуката зашто е спротивна на ЦЕФТА Договорот и на принципите за слободна трговија, а ако тоа не се случи, секоја земја, согласно своите политики, да реагира соодветно. мч/ сд/08:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ