Еуростат: Македонија има 2.075.300 жители

Еуростат: Македонија има 2.075.300 жители

Брисел, 27 јули 2018 (МИА) - Македонија во јануари 2018 година имала 2.075.300 жители наспроти 2.073.700 во истиот период лани, посочуваат резултатите од истражувањето за популацијата што го објави Статистичката канцеларија на ЕУ-Еуростат.

Македонија нема спроведено попис на населението од 2001 година. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски неодамна во интервју за МИА  најави дека новиот попис на населението ќе се спроведе во 2020 година од 1 до 21 април. 

Според Еуростат, проценката е дека Европската унија во јануари 2018 година броела 512,6 милиони жители. Зголемувањето на популацијата од 1,1 милиони жители во однос на истиот период лани се должи на миграцијата, бидејќи е забележан поголем број на починати лица од новородени. Германија е најнаселена земја во ЕУ со 82,9 милиони жители. Следат Франција со 67,2 милиони, Велика Британија со 66,2 милиони жители, Италија 60,5 милиони, Шпанија 47,7 милиони и Полска со 38,0 милиони жители. вг/са/09:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...