• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Индустриското производство во јуни поголемо за 12,1 отсто

Индустриското производство во јуни поголемо за 12,1 отсто

Скопје, 30 јули 2018 (МИА) - Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 отсто. Во периодот јануари – јуни 2018, пак, во споредба со истиот период минатата година има пораст од пет отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава во однос на јуни 2017-та бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 14,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16,3 проценти.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 12,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 13,5 проценти, Капитални производи за 34,2 и кај Трајни производи за широка потрошувачка за 20,1 отсто.са/сд/13:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ