Туризмот на охридско-струшкото крајбрежје го достигнува максимумот

Туризмот на охридско-струшкото крајбрежје го достигнува максимумот

Струга, 31 јули 2018 (МИА) - На охридско-струшката ривиера се бара место повеќе. Сместувачките капацитети се исполнети до максимум, информира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

Тоа, како што нагласи, е добро. Туристичката сезона го достигнува својот врв, а туристичките работници, работат за целосна исполнетост и добра сезона.

- Хотелите се преполни, се бара кревет плус и кај приватните станоиздавачи. Од она што сум информиран од терен, на охридско-струшкото крајбрежје се е исполнето до последното место, пребукирани сме, изјави Блажески за МИА.

Секоја година туристичкиот максимум е околу 2-ри август, односно крајот на јули и почетокот на август, а причина за тоа, споре него, е богатата културна и забавна понуда.

- Забавите и културните настани во овој период се најбројни, токму тие во најголем број ги привлекуваат гостите. Познати ди-џеи, звучни естрадни имиња, културни манифестации..., секојдневно гостуваат на ривиерата, подвлече првиот човек на ХОТАМ.

Туристичката понуда на охридско-струшкото крајбрежје годинава е збогатена со изградбата и пуштањето во употреба на неколку луксузни хотели, што го подига и нивото на услугите. 

Исполнетоста е голема и на Преспанкото крајбрежје и во Дојран, а Блжески ги повика домашните, но и странските туристи да ја посетата Македонија и да ги видат убавините што таа ги поседува.

- Препорака до домашните, но и странските гости: посетете ги убавините на Македонија. Дали тоа ќе биде едно од езерата кое ќе го одберете или ќе се одлучите за друга алтернатива, квалитетот на услугите е на високо ниво и сите хотели и помали сместувачки капацитети се подготвени да ве деочекаат. Посетете некоја македонска дестинација, нагласи Блажески.

Покрај од земјава, и годинава остануваме најпривлечна дестинација за Холанѓаните, но не изостануваат ниту гостите од соседството, Полска, Белгија, Турција...сс/мч/11:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...

Тренерот на Баерн им порача на фудбалерите да не одат сами на „Октоберфест“

Од овој викенд Баварија повторно живее во знакот н...