• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Со државна помош на бизнисот до извоз и конкурентна економија (видео)

Со државна помош на бизнисот до извоз и конкурентна економија (видео)

Скопје, 6 август 2018 (МИА) - Стопанската комора на Македонија денеска јавно го поздрави донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и порача дека само со државна помош на големите, успешни компании може да се зголеми бројот на конкурентните, извозно ориентирани производи што ќе ја придвижат економијата. 

Комората, како што беше речено на прес-конференција, ќе ги посети компаниите што добија пари согласно законот за да апелира на негова доследна примена, но и ќе ја промовира потребата од дополнителни вложувања од страна на државата во бизнис секторот. 

- Законот потврдува дека постои јавно-приватен дијалог и партнерство. Во него се инкорпорирани сите наши укажувања, дефинирани уште пред десетина години. Само преку државна помош на бизнисот, може да се зголеми бројот на индустриските производи со конкурентска предност, напомена Анета Трајковска од Стопанската комора. 

Трајковска посочи дека во перидоот од 2006 до 2016 година двојно е намалено учеството на индустријата во создавањето БДП, од 32 на 15 отсто, а речиси преполовен е и бројот на конкурентни, извозни производи, од 675 на 461. 

Одговарајќи на новинарски прашања, Трајковска рече дека првите сто компании кои потпишаа договор за поддршка од државата се само почеток на целиот процес. 

Во врска со обвинувањата дека дел од овие компании се блиски до власта, Трајковска напомена дека критериумите во законот се јасни и транспарентни, а ги опфаќаат сите фирми што оствариле профит. 

Стопанската комора на прес-конференцијата ја подели брошурата „Време е за промена на моделот за економски развој“, изготвена пред 10 години и во која, како што истакна Трајковска, меѓу другото се содржани и предлозите на бизнис заедницата што веќе се дел од Законот за финансиска поддршка на инвестициите. мч/скс/11:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...