Бизнис форум „Да ја поддржиме приказната на Делчево“

Бизнис форум „Да ја поддржиме приказната на Делчево“

Скопје, 7 август 2018 (МИА) - Во рамки на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ општина Делчево организира бизнис форум на кој ќе бидат претставени можностите за развој и инвестиции што ги нуди Делчево.

Целта на бизнис форумот е да се видат перспективите за развој на општина Делчево, како и да се слушнат предлозите од бизнис секторот и нивните идеи со кои можат да се дореализираат започнатите проекти и да се создадат нови. 

На бизнис форумот, според одговорните во општината, најавено е присуство на над 120 учесници меѓу кои и од збратимените општини Рача од Србија и Борнова од Турција, соработници од земјава и странство, претставници на бизнис секторот, иселеници и институции. вј/са/07:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ