• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Зголемени цените на увозните горива

Зголемени цените на увозните горива

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 41,7 отсто во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, кај моторниот бензин има зголемување на цената за 0,5 отсто на месечно ниво, а 36 отсто на годишно ниво. Кај горивата за млазни мотори од бензински тип или керозин зголемувањето е 4,4 отсто на месечно и 43,4 отсто на годишно ниво, кај дизелот, пак, е 0,3 на месечно и 44,5 на годишно ниво.

Зголемување од 2,8 отсто на месечно ниво и 39,3 отсто на годишно е забележано кај мазутот, а кај пропан и бутан, односно течно ТНГ гориво зголемувањето е 1,9 отсто на месечно и 28, 6 отсто на годишно ниво. вј/сд/12:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ